Ваше мислење

Почитувани,

Вашето задоволство е наша цел. Затоа секојдневно работиме на подобрување на услугите кои Ви ги нудиме.

Со големо задоволство ги очекуваме Вашите предлози, забелешки, пофалби и поплаки бидејќи на тој начин придонесувате за подобрувањето на квалитетот на услугите и воедно на тој начин можеме побрзо да одговориме на Вашите потреби.

Исклучително ни е важно да го знаеме Вашето мислење  во врска со нашите производи и услуги, колку сте задоволни од вниманието што Ви го пружаат нашите вработени, дали ги исполнуваме вашите очекувања и потреби.

КАКО ДА НИ ПРАТИТЕ СУГЕСТИЈА, ПРАШАЊЕ, ПОПЛАКА?

Сите ваши поплаки, прашања, коментари и сугестии, споделете ги усно со наш вработен или во писмена форма на еден од следниве начини :

  • Преку e-mail на poplaki@moznosti.com.mk;
  • Преку порака (send message) на нашата FACEBOOK страна: facebook.com/StedilnicaMoznosti;
  • Преку пополнување на формуларот за прашања, сугестии и поплаки;
  • Во сите експозитури на штедилница “Можности”, со пополнување на формулар за поплаки кој можете да го побарате од кој било вработен;
  • Телефонски во Службата за релации со клиентите на бројот +389-2-2401-054, секој работен ден од 08:00 до 16:00h;
  • Преку пошта на следната адреса:
    • Штедилница “Можности” ДОО
    • Служба за релации со клиенти
    • Бул. “Јане Сандански 111” 1000 Скопје;
  • Во сите експозитури на штедилница “Можности”, со пополнување на формулар од кутијата за пофалби и поплаки;
  • За сите потребни информации поврзани со собирањето и обработката на личните податоци може да го исконтактирате нашиот Офицер за заштита на лични податоци на телефонскиот број 02/240-1051 или на маил адресата privacy@moznosti.com.mk

ФОРМУЛАР ЗА ПРАШАЊА, СУГЕСТИИ И ПОПЛАКИ

ИЗЈАВА: Изјавувам дека моите лични податоци ги доставувам по сопствена волја и согласен/а сум Штедилницата да ги обработува за целите за која што се собрани.

* задолжителни полиња

Дискреција и доверливост:

Секоја поплака добиена во штедилницата се разгледува во централата на штедилницата од надлежната служба за релации со клиентите.

Доколку како клиент на штедилница “Можности“ се одлучите да доставите поплака,  раководството на штедилницата “Можности“ Ви гарантира дискреција во врска со Вашата поплака и Ви гарантира дека нема да имате никакви негативни реперкусии врз соработката со штедилницата или врз условите кои ќе ги добивате во штедилницата во иднина.

По доставувањето на поплаката ќе бидете контактирани со одговор по истата најдолго во рок од 7 дена!