Како паметно да ги испланирате Вашите финансиски цели за време на Ковид пандемијата?

25.01.2021

Ковид пандемијата натера многумина од нас да се соочат со одредени непожелни финансиски предизвици, а единствена лекција која ја добивме од оваа криза е тоа декапоголем дел од населението не е доволно подготвено за финансиска несигурност. Бидејќи сите се обидуваме на некој начин да се вратиме на позитивен колосек, во продолжение може да разгледаме неколку финансиски цели кон кои ќе треба да се стремиме во наредниот период.

  1. Посветете се кон одреден буџет

Првото нешто што ќе мора да го направите e да го почитувате вашиот буџет. На лист од хартија запишете го вашиот финансиски капитал, како и сите приходи и расходи кои ги имате во текот на годината. На овој начин лесно ќе може да распознаете каде имате одредени пропусти и каде ќе може да ги алоцирате тие средства на поважни места.

  • Создадете фонд за итни случаи и направете план како да ги елиминирате долговите

Друг чекор кој може да го преземете е да создадете фонд за итни случаи. Овој фонд е првото нешто што треба да го создадете, откако ќе ви се појават вишок од финансиски средства. Можеби на почетокот овој фонд нема да има доволно средства да покрие одредени несакани катастрофи, но сепак ќе ја спречи потребата од трошење на поголем дел од вашите испланирани средства.

Со создавање на план за елиминирање на долгови, количеството на расположливи средства  ќе се зголеми. Тоа означува дека повеќе финансиски средства ќе ви бидат достапни за алоцирање кон поважни инвестици и неопходни трошоци, како и повеќе финансиски средства кон фондот за итни случаи. Секако, елиминацијата на долгови не е лесен процес и може да завземе подолг период, но неопходно е да создадеме и да се придржуваме кон таков план.

  • Искористете ги придобивките од нашиот проект за развој на деловниот екосистем.

Штедилницата Можности, во соработка со УСАИД, изработи проект кој може да им помогне на сите наши клиенти при одржување на ликвидноста, солвентноста и бројот на вработените.Рокот на отплаќање на кредитот е 12 месеци, а за истиот кредит може да аплицирате преку нашата онлајн апликација. Самиот кредит е достапен за сите претприемачи, индивидуални земјоделции трговски друштва кои извршуваат одредена стопанска дејност.