Камчески Горан
26.12.2019
Со резултатите од своите бизниси луѓето да можат да си помогнат себеси, на своите семејства и на заедницата во којашто живеат е дел од нашата мисија како финансиска институција, а за нејзино остварување најдобар доказ се нашите клиенти.
Семеен бизнис со долга традиција
Клиентот Камчески Горан потекнува од семејство коешто традиционално се занимава со земјоделие. Дејноста ја започнала неговата мајка, а подоцна ја преземаат и успешно ја извршуваат синовите.
Имено, клиентот се занимава со градинарство на отворено како главна дејност и со одгледување на житарици како споредна дејност. Дел од дејноста извршува на сопствена земја, а дел користи земја под закуп.
Станува збор за класичен семеен бизнис, односно сите членови на семејството се вклучени во процесот на извршување на дејноста. Секој член има своја улога во извршувањето на земјоделските активности, со што трошоците за работна сила се сведуваат на минимум и сето тоа позитивно се одразува на рентабилноста.
Профитабилното работење на клиентот му овозможува континуирано да инвестира во дејноста со набавка и обнова на основните средства, а целта е да може да располага со комплетната механизација за непречена работа.
Клиентот обработува големи површини на земја што доведува до намалување на одредени фиксни трошоци.
Посевите не се темелат само на една култура, односно ризикот од цената на пазарот е намален со посеви на неколку градинарски култури, како компир, пипер, кромид. Покрај овие градинарски култури, земјата што се обработува се комплетира со посевите со жито.
„Соработката со Можности ја започна мојата мајка, Камческа Блага. Првиот кредит беше искористен наменски, за набавка на трактор, што овозможи зголемување на обемот на работата и позитивно влијаеше врз продуктивноста” – вели Горан.
Следните кредити исто така беа во насока на зголемување на основните средства и дел за обртни средства.
Од првата соработка на клиентот со Штедилница Можности, па сè досега, има континуирано зголемување и раст на дејноста на клиентот што е и наша цел, да растеме и заедно да се движиме со нашите клиенти.
Со првиот кредит од Можности, на клиентот му се излезе во пресрет да го купи првиот трактор, со што се скратија трошоците за изнајмување на услуги за механизација и се зголеми продуктивноста во работењето.
Од самиот почеток клиентот работи исклучиво со Штедилница Можности, односно од 2007 година, во којшто период како корисник се јавува мајката на клиентот, Камческа Блага, за да подоцна соработката продолжи со Горан. Горан и неговото семејство, со помош на кредитите од Штедилница Можности значајно ја имаат унапредено својата земјоделска дејност, а исто така имаат искористено и кредити од линијата на ХАБИТАТ, кредит за енергетска ефикасност за поставување на соларен систем и парно греење во домот.
„Многу сум благодарен за помошта од Штедилница Можности и задоволен сум од услугата што службениците ми ја овозможуваат долги години наназад“ – вели Горан.