Спасев Тодор
26.12.2019
Формирање на мини енциклопедија на македонски производи
Предизвик за почетната идеја за реализација на проектот ЕКАРТА беше секојдневното пребарување на Google и неможноста да се појават македонски производи и компании за одредени производи.
“При пребарување на некој специфични производи многу често се појавуваат странски веб страни и компании, па потребно е како корисник да вметнуваш наставка .мк или да пишуваш со македонска поддршка. Така го купив доменот во.мк и почнав да размислувам на реализација на проект кој ќе биде мини енциклопедија на сите производи во Македонија”- раскажува Спасев Тодор, сопственик на ЕКАРТА.
Денеска ЕКАРТА е Интернет Маркетинг агенција која се занимава со дигитален маркетинг, развој на софтвер, веб дизајн, хостинг, продажба на готови веб страни за одредени клучни зборчиња, односно продажба на производи co најдобар Квалитет.
Иновативноста е во тоа што на веб страната shop.ekarta.mk развивме платформа преку која компаниите можат сами (без технички познавања) да креираат веб страна со сопствено име или во поддомен на vo.mk, да одберат дизајн од 340 готови темплејти и можност сами да менаџираат производи за презентација или продажба.
За побрзо појавување на прва страна на Google, Yahoo, Bing итн. платформата е технички подготвена да ги исполни најважните предуслови, како:
– клучниот збор го содржи името на веб страната, пример vrati.vo.mk;
– технички оптимизиран код, нема потреба од техничко познавање за изработка на оптимизирана веб страна;
– изработената веб странa има мобилна верзија со Bootstrap технологија;
– вклучена оптимизација за пребарувачи;
– корисност на содржината, описот е мини енциклопедија за секој производ така што содржината е уникатна и корисна за пребарувачите корисници на производот.
Компаниите имаат дополнителна промоција на социјалните мрежи и презентација на производите на заедничка продавница на сите производи од сите изработени веб страни.
Планираме во иднина да развиеме поврзување со социјалните мрежи преку дополнителен сервисен информативен портал, огласник, сервис за поддршка на корисници, заедничка продавница на сите производи од сите поддомени со што би се проширила понудата на квалитетни производи и услуги, би се реализирале нови иновативни проекти, проширување на тимот и континуиран финансиски раст на компанијата.
“Една бизнис идеја да биде успешна, важно е бизнисот да обезбеди доволно финансии за тимот и инвеститорите, без многу стрес и проблеми при реализација. Но за ова да се реализира, потребно е многу напорна работа.” – вели г-дин Спасев, сопственик на ЕКАРТА”.
Со помош на кредитот од Можности изработивме апликација за електронско плаќање и апликација КРЕАТОР НА ВЕБ СТРАНИ ВО.МК со 340 професионални темплејти, оптимизирани за сите уреди и едноставно ажурирање и одржување БЕЗ технички познавања. Нарачката се прави на веб страната shop.ekarta.mk.
,,Професионалниот пристап на вработените и кратката постапка за средување на документацијата придонесоа да ги добиеме потребните финансии во најбрзо време.
Соработката со штедилница Можости е успешна од самиот почеток и планираме долгорочно да ја задржиме”.