Ејупи Рефет

26.12.2019

Ејупи Рефет

Кога традицијата ќе се претвори во успешен бизнис

Чест ни е да Ви ја пренесеме успешната приказна на клиентот Ејупи Рефет кој со гордост и насмевка не пречека и ни дозволи да го споделиме занимањето на неговото семејство, Сточарство- Краварство.

Ејупи Рефет од село Форино е роден во типично рурално семејство кое традиционално се занимавало со земјоделие, односно со обработка на земја и одгледување на стока. Уште од најрана возраст бил вклучен во дејноста. Бизнисот краварство за млеко го има наследено од татко му, кој и ден денес му помага во работењето.

Дејноста со која се занимава Рефет е сточарство, односно краварство за млеко и продажба на телиња. Има сопствена штала целосно прилагодена за бројната состојба на говеда. Целокупна механизација која ја користи служи за обработка на земјата како и за помош при одгледување храна за стоката. Клиентот е регистриран земјоделец и соработка остварува со приватна млекара, каде дневно дава и до 100 литри млеко.

За успешен бизнис најбитна карактеристика е да го сакаш тоа што го работиш и истото да те релаксира и мотивира да бидеш вклучен –вели Рефет.

Конкретно за овој бизнис позитивно влијае фактот што е целосно во негова сопственост и се карактеризира со долга и наследна традиција. Во бизнисот целосно се вклучени сите членови од потесното семејство.

Иако бара доста труд, ако добро се менаџира работата, може да се извлече добар исход. Моментално сточарството е доста профитабилна област со стабилна цена на откуп за млеко, а напредната механизација и субвенциите од државата, придонесуваат за олеснување и развој на истата – вели Рефет

Соработката со Можности започнала од 2008 година преку промоција од службеници вработени во експозитура Гостивар, кога клиентот го подигнал и првиот земјоделски кредит.

На самиот почеток, уште при одобрување на првиот кредит клиентот имал мала штала и многу мал процент од она што денес го поседува како капитал. Со одобрените средства од штедилница Можности, инвестициите во тек на годините се зголемувале и сето тоа позитивно се одразило врз развојот на бизнисот.

Во единаесет годишната соработка со средствата одобрени од Можности клиентот набавил основно стадо-крави и механизација , машина за мелење, за собирање пченка итн. 

Многу сум благодарен за помошта од Штедилница Можности и задоволен од услугата која службениците ми ја овозможаат долги години наназад. Ги охрабрувам сите млади кои сакаат да работат и заработат да се вклучат во оваа гранка од земјоделството – порачува Рефет