Мисија и Визија на штедилница Можности

МИСИЈА на штедилница Можности

Ние веруваме во слободната иницијатива, индивидуалната креативност и лична одговорност. Нашата мисија е да обезбедуваме можности – луѓето да добијат поддршка за своите добри деловни идеи. Ние нудиме пристап до почетен капитал. Нашата цел се нови работни места, а нашиот метод – мали заеми за мали потфати. Ние очекуваме – со резултатите од своите мали бизниси – луѓето да си помогнат себеси, на своите семејства и на заедницата, со што нашата институција ќе стане респектиран субјект на финансискиот пазар.

ВИЗИЈА на штедилница Можности

Нашата визија е подобар свет и посреќни луѓе. Ние веруваме во човекот и неговата способност да го промени својот живот со сопствениот труд. Ние сме оддадени на борбата против сиромаштијата, социјалната маргинализација. Ние сме убедени дека секој човек заслужува почит и помош.

Приватност

Оваа веб страна користи колачиња за да можеме да Ви го овозможиме најдоброто можно корисничко искуство.

Информациите за колачињата се зачувуваат во Вашиот пребарувач и извршуваат функции како што е Ваше препознавање кога ќе се вратите на нашата веб страна и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб страната Ви се најинтерсни и корисни.