Можности е таму каде што си и ти!
1.12.2021
Почитувани клиенти,
Штедилница Можности Ве известува дека од 01.12.2021 година ја пушти во употреба новата мобилна апликација за М-банкинг.
Апликацијата е наменета за сите клиенти кои користат било кој од продуктите на штедилницата, со што Можности се доближува до своите клиенти, следејќи ги новите трендови и модерната технологија.
Брзо и лесно преку Вашиот мобилен телефон или таблет со апликацијата во секое време ќе можете да:
– ја проверите состојбата на кредитот или депозитот;
– имате увид во листата на уплати и исплати;
– имате увид во Вашиот амортизационен план;
– добиете информација за статусот на кредитот;
– ја проверите важечката курсна листа во штедилницата;
– и други информации.
Новата апликација за м-банкинг е БЕСПЛАТНА за сите корисници. Апликацијата е достапна само на Google Play.
За дополнителни информации обратете се во експозитурите на штедилницата или контактирајте нè на 02 2401-051 или e-banking@moznosti.com.mk
Со почит,
Штедилница Можности