Проект за оценување на дигитализација на клиенти

16.05.2022

Колку е дигитализиран вашиот бизнис?

Почитувани клиенти,

Ве известуваме дека штедилница Можности ќе учествува во проект поддржан од Центарот за Микрофинансирање (MFC) којшто се однесува на промовирање на алатка за испитување на степенот на дигитализација на клиентите, како и на целата публика на штедилницата.

Сите заинтересирани ќе може да го пополнат онлајн прашалникот со соодветни прашања и во зависност од одговорите испитаниците ќе добијат оценка за степенот на дигитализираност на нивниот бизнис како и насоки за понатамошно подобрување и усовршување преку соодветни туторијали.

Овој проект претставува  поддршка на процесите на дигитализација на сите сегашни и наши идни клиенти. 

Линк до прашалник: https://bit.ly/Moznosti_quiz

Се движиме заедно,

Штедилница Можности