Признание за најдобар службеник во Штедилница Можности

1.11.2023

Светскиот ден на штедењето и годинава беше одбележан со свечена церемонија во организација на Македонската Банкарска Асоцијација на која присуствуваа претставници од НБРМ, од Министерството за финансии, Фондот за осигурување на депозити и од банките и штедилниците.

На свечена церемонија на 31.10.2023 година, беа доделени награди и признанија на најдобрите службеници од сите банки и штедилници во земјава, кои во текот на 2023 година покажале особени резултати во работењето.

Од страна на претставници на МБА на најдобрите службеници им беа доделени признанија во форма на специјално изработени статуетки, кои традиционално се изработуваат при секое одбележување на овој ден.

Од Штедилница Можности, за најдобар службеник беше избранa Биљана Шурбевска  од Служба за трезорско работење со значаен придонес во резултатите од целокупното работење на Штедилницата и професионалното и одговорното извршување на работните задачи.

Честитки до колешката!

Се движиме заедно,

Штедилница Можности