Признание за најдобар службеник во Штедилницата
1.11.2021
Традиционално и оваа година беше одбележан Светскиот ден на штедењето 31-ви Октомври од страна на Македонската банкарска асоцијација во присуство на претставници од НБРМ, од Министерството за финансии и од банките и штедилниците.
На свечена церемонија на најдобрите службеници од сите банки и штедилници во земјава им беа доделени награди и признанија за покажаните исклучителни резултати во деловното работење во текот на 2021 година.
Од страна на претставници на МБА на најдобрите службеници им беа доделени признанија во форма на специјално изработени статуетки, кои традиционално се изработуваат при секое одбележување на овој ден.
Од Штедилница Можности, за најдобар службеник беше избран Раде Филиповски од Служба за управување со ризици со значаен придонес во резултатите од целокупното работење на Штедилницата и професионалното и одговорното извршување на работните задачи.
Честитки до колегата!
Се движиме заедно,
Штедилница Можности