Можности со поддршка на претпријатијата

10.11.2023

Штедилница Можности учествуваше на настан кој е дел од проектот „Поддршка на развојот на социјалните претпријатија“ во организација на Центарот за социјални претпријатија. 

Пред присутните штедилницата го претстави своето деловно работење, својата мисија и визија во работењето која вклучува поддршка на сите добри бизнис идеи.

Благодарност до Центарот за социјални претпријатија за поканата и прекрасната организација на настанот.

Се движиме заедно