Можности е таму каде што си и ти!

1.12.2021

Почитувани клиенти,

Штедилница Можности Ве известува дека од 01.12.2021 година ја пушти во употреба новата мобилна апликација за М-банкинг.

Апликацијата  е наменета за сите клиенти кои користат било кој од продуктите на штедилницата, со што Можности се доближува до своите клиенти, следејќи ги новите трендови и модерната технологија.

Брзо и лесно преку Вашиот мобилен телефон или таблет со апликацијата во секое време  ќе можете да:

– ја проверите состојбата на кредитот или депозитот;

– имате увид во листата на уплати и исплати;

– имате увид во Вашиот амортизационен план;

– добиете информација за статусот на кредитот;

– ја проверите важечката курсна листа во штедилницата;

– и други информации.

Новата апликација за м-банкинг е БЕСПЛАТНА за сите корисници. Апликацијата е достапна само на Google Play.

За дополнителни информации обратете се во експозитурите на штедилницата или контактирајте нè на 02 2401-051 или e-banking@moznosti.com.mk

Со почит,
Штедилница Можности