Ден на штедење со најмладите во Можности

31.10.2023

По повод Светскиот ден на штедењето, 31 Октомври, Штедилница Можности и оваа година беше домаќин на дечињата од основното училиште ООУ “Видoe Подгорец” од Струмица кои дојдоа на посета во експозитурата на штедилницата во Струмица.

Нашите колеги низ интерактивна комуникација со децата, низ прашања и одговори ги запознаа љубопитните ученици со начинот на штедење, зошто штедиме и колку е важно да се стекнуваат навики за штедење во секојдневниот живот уште од мали нозе.

На крај дечињата добија соодветни поклони во знак на сеќавање од нивната посета на штедилница Можности.

Се движиме заедно!