M-banking
Општи информации
М-банкинг апликацијата на Штедилница Можности обезбедува брз и сигурен пристап до сите услуги и производи за сите физички и правни лица преку мобилен телефон или таблет 24/7, 7 дена во неделата без разлика на работното време на Штедилницата.
Што овозможува м-банкинг апликацијата?
– проверка на состојбата на кредитот или депозитот;
– имање увид во листата на уплати и исплати;
– имање увид во Вашиот амортизационен план;
– добивање информација за статусот на кредитот;
– проверка на важечката курсна листа во штедилницата;
– и други информации.
Како да ја инсталирате м-банкинг апликацијата ?
Апликацијата М-банкинг на Штедилница Можности е БЕСПЛАТНА за сите корисници физички и правни лица на Штедилницата кои користат услуги и продукти од Штедилница Можности. Апликацијата е достапна само на Google Play.
Превземете ја од:
Ќе добиете QR код со ПИН за најава.
Потребно е да се најавите во рок од 72 часа по што апликацијата е активна и е на Ваше располагање.
Контакт и корисни информации
За повеќе информации обратете се секој работен ден од понеделник до петок, од 08:00 до 16:00 ч во која било од експозитурите на Штедилница Можности или во Дирекцијата на штедилницата, Служба за релации со клиенти на телефонскиот број 02 2401 051, или во кое било време пишете ни на е-маил: e-banking@moznosti.com.mk.
Се движиме заедно,
Штедилница Можности