Штедилница Можности одбележува 20-годишен јубилеј

27.05.2020

27.05.2020

Соопштение за јавностa

Со посебна чест и гордост Ве информираме дека мај 2020 година е месецот кога Штедилница Можности слави 20 години јубилеј.

Дваесет години искуство е големо богатство и сите овие години раснеме и градиме стабилна институција за нашите граѓани, клиенти и соработници.

Од 2000-та година кога беше основана, па до денес, водејќи се од мисијата за слободна иницијатива, индивидуална креативност и лична одговорност на сите нас и визијата за подобар свет и посреќни луѓе, Штедилницата е препознатлива по улогата на поддржувач на сите што имаат потреба од финансиска поддршка за своите добри деловни идеи.

Штедилницата ги услужува микро, малите и средните претпријатија што спаѓаат во секторот трговија, услуги и производство, како и физичките лица на кои им нуди финансиски производи и услуги како кредитирање и можност за штедење.

Темелите на нашата деловна политика се засноваат на постојана иновација и воведување на нови производи и услуги, преку следење на трендовите и препознавање на потребите на пазарот.

Штедилница Можности со својата дејност учествува во градење на иднината на секој свој клиент, како и во стабилноста и економскиот просперитет на земјата. За да биде успешна таквата реалност, за нас, за Штедилница Можности е важен секој поединец и сечиј труд.

Клиентите се на врвот на сите приоритети во нашето работење и сите иновации се поврзани со нивните и нашите заеднички интереси.

Со добра политика на домаќинско работење ги отвораме вратите на нови можности и повисоки резултати.

20 години се движиме заедно за:

✓поголема поддршка на Вашите деловни идеи

✓пристап до почетен капитал

✓нови работни места

✓финансиска инклузија

✓поддршка на семејните бизниси

✓ поддршка на земјоделците

✓ поддршка на вработени за плата, пензионери и студенти

 ✓сигурност на Вашите депозити

Да се движиме заедно уште многу години!

Штедилница Можности