Едикативен центар Сонце

26.12.2019

 Љубовта кон децата на прво место

Почетната идеја за формирањето на ЕЦ СОНЦЕ била да се оформи една институција каде што би им помогнало на родителите околу едукативно-воспитниот дел на децата и ќе им обезбеди потребно згрижување, раскажува сопственичката на центарот Сања Петровска.

Концептот бил да им се пружи едно посебно катче каде децата ќе бидат згрижени и кое нема да биде во класичен школски стил, децата седнати во клупи.

Едукативниот центар Сонце денес е склоп на неколку активности кои придонесуваат за максимална едукација и социјализација на децата. Вклучени се неколку програми – детски развој, странски јазици (англиски, француски и германски јазик), информатика и уметност како и вклучена програма за балет, гитара и тапани.

Главна карактеристика на нивното учење е “учење низ игра” со што успешно се реализира психолошки напредок на децата од најрана возраст.

“Бизнисот кој што ги постигнал своите зададените цели за нас е успешен. Секој има различна перцепција за тоа што и колку може да постигне за дадено време. Ние сме задоволни од тоа како Сонце се развиваше во изминатите години. Ќе продолжиме да работиме напорно со надеж за поголеми достигнувања.” –вели г-ѓа Петровска, сопственик  на ЕЦ Сонце.

Успехот е неизбежен доколку се работи со љубов и посветенст кон работата, истрајност во реализација на визијата и идеите, како и доверба и хармонија меѓу вработените.

ЕЦ Сонце се препознатливи по следењето на трендовите како и љубезноста, гостопримството и човечкиот пристап до најмладите е она што придонесува во градењето на долгорочни односи. Таму потребите на децата и љубовта кон нив се на прво место.

,,Средствата кои ги стекнуваме од бизнисот постојано ги вложуваме во него и со тоа остварува конкурентска предност. Наша основна цел е континуирано вложување во бизнисот и зголемување на обемот на работа, во смисла на следење на новите трендови во училишното работење, да се биде чекор напред пред конкуренцијата, што значи постојани новини во однос на техниките на учење, соодветен материјал, ресурси итн.

Kако старт-ап компанија можноста за кредитирање ни беше сведена на минимум. Можности беше една од ретките институции кои што видоа потенцијал во тоа што го работевме,, кажува г-ѓа Петровска.

,,Професионалниот пристап на вработените и кратката постапка за средување на документацијата  принесоа да ги добиеме потребните финансии во најбрзо време. На тој начин успеавме да го надминеме тешкиот период.

Првиот кредит од штедилницата беше искористен за започнување (start-up) на бизнисот, a останатите исто така соодветнио за намената односно за реновирање на просторот и за обртни средства, како и за брендирање на центарот.

Соработката започна во уште во првата година и планираме долгорочно да ја задржиме.,,