Оглас за Директор на Деловна мрежа
Штедилница Можности, регулирана финансиска институција со лиценца од Народна банка на РС Македонија, објавува повик за пријавување на квалификувани и мотивирани кандидати за позицијата:
ДИРЕКТОР НА СЕКТОР ДЕЛОВНА МРЕЖА
Директорот на сектор деловна мрежа е лице со посебни права и одговорности согласно Законот за банки и Изјавата за основање на штедилницата. Делокругот на работа, потребните квалификации и вештини за огласената позиција вклучуваат:
Опис на работните задачи, одговорности и овластувања | Одговорен/а е да раководи со деловните процеси во сектор деловна мрежа – мрежата на експозитури и службите во рамки на секторот, согласно поставените краткорочни и долгорочни цели, Ја организира и координира работата на секторот, спроведува надзор и дава насоки и упатства за вработените со цел квалитетно и навремено извршување и постигнување на поставените цели, Одговорен/а е за одржување и унапредување на продажбата на продуктите на штедилницата, Го управува кредитното и штедното портфолио на штедилница согласно кредитните и штедните политики дефинирани согласно законската регулатива и зададените стратешки цели на штедилницата, Конципира системи за продукција и одржување на исплатливи кредитни и штедни продукти и креира и одржува продажно ориентирана култура на вработените и градење на долгорочни и квалитетни релации со клиентите, Го следи, контролира и оценува работењето на вработените во секторот и предлага мерки за подобрување, Ги следи, имплементира и работи согласно позитивните законски прописи и Законот за банки, Одговорен/а е за усогласеност на внатрешните процеси, практики и документација во секторот со законската регулатива и законот за банки, Учествува во работни групи и одбори со останатите членови на раководниот тим со цел квалитетно имплементирање и реализација на стратешките цели. |
Потребни квалификации | Високо образование од областа на економските или други комплементарни науки, Најмалку 5 години работно искуство во банка, штедилница, финансиска институција и/или слична дејност, од кои најмалку 2 години искуство во раководење и развој на процеси и луѓе во делот на кредитирање, развој на финансиски продукти и продажба, Одлично познавање на Законот за банки, добро познавање на економските текови и практично разбирање за финансиските пазари, Исклучителни организациски, менаџерски и лидерски способности, Одлично познавање на пишан и говорен англиски јазик. |
Препорачани вештини и квалитети | Претприемачки дух,Способност за деловно расудување,Лидерство и мотивираност,Посветеност на мисијата и визијата,Личен и професионален интегритет,Способност за градење релации,Способност за носење одлуки преку соработка,Ефективно комуницирање,Агилност и адаптибилност,Разбирање и вреднување на различноста. |
Од кандидатите кои ги имаат потребните квалификации и поседуваат поголем дел од препорачаните вештини и квалитети, се очекува да приложат:
- Биографија (најмногу 500 зборови)
- Мотивациско писмо (најмногу 300 зборови)
Потребните документи треба да се достават најдоцна до 31 јануари 2023 година на адресата: contact@moznosti.com.mk со назнака “Директор на деловна мрежа”.
Од кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе се побара да приложат визија за континуитет и развој на деловниот сектор на штедилницата (најмногу 2000 зборови), со вклучени:
- Ситуациона анализа на секторот,
- Сопствено разбирање на кредитната политика на Штедилница Можности,
- Потребни ресурси и начин за нивно обезбедување.
За подготовка на визијата, на кандидатите им се достапни информации и документи на Штедилница Можности, достапни на веб адресата: www.moznosti.com.mk, вклучувајќи:
Селекцијата на кандидатите ќе се изврши преку постапка која ќе вклучи оценка на поднесените документи и презентација на визијата, со последователни прашања.
За резултатите од оценката на поднесените документи ќе бидат известени само кандидатите селектирани за понатамошниот тек на постапката.