Оглас за Директор на Деловна мрежа

Штедилница Можности, регулирана финансиска институција со лиценца од Народна банка на РС Македонија, објавува повик за пријавување на квалификувани и мотивирани кандидати за позицијата:

ДИРЕКТОР НА СЕКТОР ДЕЛОВНА МРЕЖА

Директорот на сектор деловна мрежа е лице со посебни права и одговорности согласно Законот за банки и Изјавата за основање на штедилницата. Делокругот на работа, потребните квалификации и вештини за огласената позиција вклучуваат:

  Опис на работните задачи, одговорности и овластувања  Одговорен/а е да раководи со деловните процеси во сектор деловна мрежа – мрежата на експозитури и службите во рамки на секторот, согласно поставените краткорочни и долгорочни цели,   Ја организира и координира работата на секторот, спроведува надзор и дава насоки и упатства за вработените со цел квалитетно и навремено извршување и постигнување на поставените цели,   Одговорен/а е за одржување и унапредување на продажбата на продуктите на штедилницата,   Го управува кредитното и штедното портфолио на штедилница согласно кредитните и штедните политики дефинирани согласно законската регулатива и зададените стратешки цели на штедилницата,   Конципира системи за продукција  и одржување на исплатливи кредитни и штедни продукти и креира и одржува продажно ориентирана култура на вработените и градење на долгорочни и квалитетни релации со клиентите,   Го следи, контролира и оценува работењето на вработените во секторот и предлага мерки за подобрување,   Ги следи, имплементира и работи согласно позитивните законски прописи и Законот за банки,   Одговорен/а е за усогласеност на внатрешните процеси, практики и документација во секторот со законската регулатива и законот за банки,   Учествува во работни групи и одбори со останатите членови на раководниот тим со цел квалитетно имплементирање и реализација на стратешките цели.            
  Потребни квалификации  Високо образование од областа на економските или други комплементарни науки,   Најмалку 5 години работно искуство во банка, штедилница, финансиска институција и/или слична дејност, од кои најмалку 2 години искуство во раководење и развој на процеси и луѓе во делот на кредитирање, развој на финансиски продукти и продажба,   Одлично познавање на Законот за банки, добро познавање на економските текови и практично разбирање за финансиските пазари,   Исклучителни организациски, менаџерски и лидерски способности,   Одлично познавање на пишан и говорен англиски јазик.  
  Препорачани вештини и квалитети    Претприемачки дух,Способност за деловно расудување,Лидерство и мотивираност,Посветеност на мисијата и визијата,Личен и професионален интегритет,Способност за градење релации,Способност за носење одлуки преку соработка,Ефективно комуницирање,Агилност и адаптибилност,Разбирање и вреднување на различноста.  

Од кандидатите кои ги имаат потребните квалификации и поседуваат поголем дел од препорачаните вештини и квалитети, се очекува да приложат:

  • Биографија (најмногу 500 зборови)
    • Мотивациско писмо (најмногу 300 зборови)

Потребните документи треба да се достават најдоцна до 31 јануари 2023 година на адресата: contact@moznosti.com.mk со назнака “Директор на деловна мрежа”.

Од кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе се побара да приложат визија за континуитет и развој на деловниот сектор на штедилницата (најмногу 2000 зборови), со вклучени:

  • Ситуациона анализа на секторот,
    • Сопствено разбирање на кредитната политика на Штедилница Можности,
    • Потребни ресурси и начин за нивно обезбедување.

За подготовка на визијата, на кандидатите им се достапни информации и документи на Штедилница Можности, достапни на веб адресата: www.moznosti.com.mk, вклучувајќи:

Селекцијата на кандидатите ќе се изврши преку постапка која ќе вклучи оценка на поднесените документи и презентација на визијата, со последователни прашања.

За резултатите од оценката на поднесените документи ќе бидат известени само кандидатите селектирани за понатамошниот тек на постапката.