ЗЛП
Правото на приватност и заштитата на личните податоци на вработените и на клиентите и корисниците на услуги за кои се врши обработка на лични податоци претставува приоритет во работењето на Штедилница Можности.
Ние како финансиска институција посветуваме големо внимание на заштитата на личните податоци во сите свои деловни процеси, имплементирајќи ги стандардите поставени со прописите за приватност и заштита на личните податоци во Р.С. Македонија, преку креирање на интерен систем за заштита на лични податоци кој е интегриран со останатите системи и процеси согласно кои работи Штедилницата.
Дефиниции:
ЛИЧЕН ПОДАТОК е информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува. Лице кое може да се идентификува е лице чиј идентитет може да се утврди директно или индиректно, врз основа на матичен број на граѓанинот или врз основа на едно или повеќе обележја специфични за неговиот физички, физиолошки, ментален, економски, културен или социјален идентитет.
Лични податоци се: име и презиме, адреса, датум на раѓање, единствен матичен број на граѓанинот, број на лична карта, фотографија на документи за идентификација, телефонски број, mail адреса, но и податоци од здравствена легитимација или податоци од потврда на осигурено лице.
Под ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ се подразбира операција или збир на операции што се изведуваат врз личните податоци на автоматски или друг начин, како што се: собирање, евидентирање, организирање, чување, приспособување или промена, повлекување, консултирање, употреба, откривање преку пренесување, објавување или на друг начин правење достапни, изедначување, комбинирање, блокирање, бришење или уништување.
СУБЈЕКТ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ е физичко лице чии лични податоци се обработуваат.
КОНТРОЛОР НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ е правно лице, орган на државната власт или друго тело кое самостојно или заедно со други ги утврдува целите и начинот на обработка на личните податоци.
ОБРАБОТУВАЧ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ е физичко или правно лице или овластен орган на државната власт кој ги обработува личните податоци во име и за сметка на контролорот.
ОФИЦЕР ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ е лице кое е овластено од контролорот да ја следи имплементацијата на прописите за заштита на личните податоци и да обезбедува усогласеност на работењето со начелата за заштита на личните податоци.
За кои цели се собираат и обработуваат Вашите податоци?
Штедилницата може да собира и обработува лични податоци за следниве цели:
- за тековно работење;
- за да може Штедилницата да ве контактира;
- за издавање земјоделски кредити;
- за издавање бизнис кредити;
- за издавање кредити за население
- за издавање на Хабитат кредит за енергетска ефикасност;
- за доставување документација за кредити;
- за достава на newsletter и новости поврзани со Штедилница Можности;
- за известување за интервју за вработување;
- за достава на анкета за задоволство на клиените;
- за доставување на информации/известување за обврска за плаќање месечен ануитет
Вашите права како субјекти на лични податоци
Во согласност со Законот за заштита на личните податоци, како субјект чии лични податоци ги обработуваме, ги имате следниве права:
– да се информирате од Можности околу начинот на обработката на личните податоци вклучително дали личните податоци се користат согласно со целта за која се дадени;
– да побарате од Можности да ги дополни, измени и/или ажурира ако Вашите лични податоци се нецелосни, неточни, или неажурирани со поднесување на барање;
– да побарате од Можности да ја ограничи обработката на личните податоци со соодветно означување кои лични податоци ќе се чуваат;
– да побарате од Можности да ги избрише Вашите лични податоци;
– да поднесете барање до Можности со коешто ќе ја повлечете согласноста дадена за цели на обработка на личните податоци;
– да поднесете приговор за начинот на обработката на Вашите лични податоци.
На секое целосно и соодветно поднесено барање за остварување на некој од горенаведените законски утврдени права, банката ќе одговори откако ќе го потврди идентитетот на барателот и ќе ги има сите неопходни информации да го процесуира барањето, но не подолго од 15 дена од денот на поднесувањето (освен во исклучителни посложени ситуации за што дополнително барателот ќе биде известен).
Контакт
Штедилница Можности
бул. „Јане Сандански“ бр. 111
1000 Скопје
Телефон: 02/ 2401-051
Офицер за заштита на личните податоци: Антонио Николоски
Телефон: 076 824 882
Електронска пошта: dpo@moznosti.com.mk
Водич за заштита на личните податоци
Барање за информација од видео надзор
Изјава за приватност при вршење на видео надзор
Известување за видео налепница
Барање за повлекување на согласност за користење на личните податоци