Оглас за службеници во Скопје и Кавадарци
Градете ја својата кариера и развивајте се како професионалец во областа на кредитирање и финансии со Штедилница Можности. Ако се идентификувате со визијата и мисијата на нашата компанија и ве интересира кредитирање и финансии, Штедилница Можности вработува:
Службеник за односи со клиенти во експозитурите на штедилницата во Скопје и Кавадарци
Потребни знаења и вештини:
- Завршено најмалку средно и/или високо образование,
- Способност за тимска работа но и самостојност,
- Добри комуникациски вештини и способност за решавање на проблеми преку ефикасна комуникација,
- Задолжително поседување на возачка дозвола Б категорија,
- Солидно познавање на англиски јазик
- Работно искуство во дејноста е посакувано но не е задолжително.
Работни задачи:
- Промоција и продажба на финансиски продукти,
- Проценка на кредитно барање,
- Подготовка на анализи и финансиски извештаи,
- Помош на корисници на кредит и кредитобаратели во одредување на нивните бизнис потреби,
- Градење на квалитетни односи со клиенти.
Штедилница Можности нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување, како и напредок и развој во кариерата во интересна и динамична работна средина.
Заинтересирани кандидати, доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, испратете CV на e-mail:rabota@moznosti.com.mk и contact@moznosti.com.mk до 21.09.2023 година.
Со праќање на вашата апликација за вработување се согласувате компанијата да може да ги собира, обработува и чува вашите лични податоци за потребите на процесот на регрутација додека трае.
Вашите апликации за вработување ќе бидат третирани со строга доверливост.
Кандидатите што ќе аплицираат, а исполнуваат критериуми од овој Оглас, ќе бидат поканети на интервју.