Оглас за службеници во Скопје и Кавадарци

Градете ја својата кариера и развивајте се како професионалец во областа на кредитирање и финансии со Штедилница Можности. Ако се идентификувате со визијата и мисијата на нашата компанија и ве интересира кредитирање и финансии, Штедилница Можности вработува:

Службеник за односи со клиенти во експозитурите на штедилницата во Скопје и Кавадарци

Потребни знаења и вештини:

  • Завршено најмалку средно и/или високо образование,
  • Способност за тимска работа но и самостојност,
  • Добри комуникациски вештини и способност за решавање на проблеми преку ефикасна комуникација,
  • Задолжително поседување на возачка дозвола Б категорија,
  • Солидно познавање на англиски јазик
  • Работно искуство во дејноста е посакувано но не е задолжително.

Работни задачи:

  • Промоција и продажба на финансиски продукти,
  • Проценка на кредитно барање,
  • Подготовка на анализи и финансиски извештаи,
  • Помош на корисници на кредит и кредитобаратели во одредување на нивните бизнис потреби,
  • Градење на квалитетни односи со клиенти.

Штедилница Можности нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување, како и напредок и развој во кариерата во интересна и динамична работна средина.

Заинтересирани кандидати, доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, испратете CV на e-mail:rabota@moznosti.com.mk и contact@moznosti.com.mk  до 21.09.2023 година.

Со праќање на вашата апликација за вработување се согласувате компанијата да може да ги собира, обработува и чува вашите лични податоци за потребите на процесот на регрутација додека трае.

Вашите апликации за вработување ќе бидат третирани со строга доверливост.

Кандидатите што ќе аплицираат, а исполнуваат критериуми од овој Оглас, ќе бидат поканети на интервју.