Добиј уште повеќе со Штедилница Можности!

24.02.2017

Штедилница Можности, во рамките на проектот „Инклузија и иновација во микрофинансирањето” што е поддржан од УСАИД, започна со бесплатни обуки за финансиско знаење за своите клиенти од целните групи земјоделци и микро бизниси.

Обуките за земјоделците се наменети за индивидуални земјоделци и мали земјоделски фирми кои се занимаваат со примарно земјоделско производство и трговија со земјоделски производи. Обуките за микро бизнисите се наменети за сопствениците на бизнисот. Сите се одржуваат локално во средината каде што клиентот ја извршува својата дејност, за да бидат лесно пристапни за нашите клиенти од целата земја.

Обуките се организирани во два дена, во кои се работи на подигнување на основните познавања од областа на финансиите. Спроведувани се од искусни обучувачи кои имаат за цел едукација на постоечките кредитокорисници на штедилницата.

Дел од темите кои се покриваат на обуките се следните:

– Финансискиот систем во РМ – Финансиски поими (каматна стапка, период на отплата, грејс период, рефинансирање…);

– Процес на одобрување на кредит;

– Пресметка на камата за кредити и депозити;

– Поставување на лични финансиски цели;

– Паметно трошење;

– Планирање на семејни приходи и расходи, готовински тек, семеен буџет;

– Осигурување во земјоделието;

– Трошоци во дејноста, пресметка на цената на чинење, формирање на продажна цена;

– Бизнис план за земјоделци;

– Финансиски придобивки од здружувањето и окрупнувањето;

– Регистрација на земјоделец и финансиски обврски;

– Земјоделска пензија;

– Основни показатели на успешноста.

Преку овие обуки штедилницата работи на едукација и подобрување на вештините на своите клиенти за развој и водење на дејноста со која се занимаваат. Преку нивниот успех ја остваруваме нашата мисија за помагање на микро клиентите во Македонија, не само преку финансиски, туку и преку нефинансиски услуги.

Досега своето искуство можат да го поделат нашите клиенти во Тиквешкиот регион и Овчеполието кои зедоа активно учество на обуките кои пак придонесоа за појаснување на регулативите од нивниот домен на работа што ќе им овозможи полесен тек на нивните активности.

Во следниот период, а како дел од овој проект, ќе следат уште обуки на различни теми, за што нашите клиенти ќе бидат навремено информирани за да можат да се пријават за учество.

Подигнувањето на степенот на едукацијата на нашите клиенти, давањето  поддршка и советување на клиентите за поуспешно извршување на нивната дејност е еден од главните столбови на нашата општествена одговорност.

Штедилница Можности, како социјално одговорна институција, преку овие дополнителни бесплатни услуги се одвојува од останатите институции на пазарот со тоа што им овозможува дополнителна вредност на своите клиенти и инвестира во нивниот долгорочен развој.

Се движиме заедно,

Штедилница Можности