Јанев Мишо

28.06.2021

Јанев Мишо е долгогодишен клиент на Штедилница Можности. Тој  и неговата сопруга се занимаваат со правење слатки и колачи, како и производство и продажба на американски крофни. Тие се занимаваат со оваа активност повеќе од 15 години. Прво, неговата сопруга започна да прави торти и колачи за родендени и други прослави за пријатели, роднини и така кругот на клиенти започна да се шири кога Мишо се приклучи на бизнисот. Потоа дошле на идеја да набават преносна машина за правење крофни за да учествуваат на саеми, да продаваат на плоштади. Како и да е поради пандемијата, активноста со крофни беше стопирана поради ограничувањата на движењето, воведувањето на карантин и други рестриктивни мерки. Дополнително, активноста со колачи беше неизвесна бидејќи поради пандемијата прославите се организираа во потесен круг на луѓе, а порачките беа помали. Затоа на клиентите им требаше финансиска помош и поддршка за да го надминат периодот на пандемијата и аплицираа за заем од Штедилница Можности. Заемот имаше позитивно влијание врз бизнисот бидејќи ја подобрува нивната ликвидност. Заемот придонесе и за финансиската стабилност на домашниот буџет.

„Јас и мојата сопруга сме клиенти на Можности веќе 15 години. И во ова тешко време на пандемијата, Можности ни излезе во пресрет во вистинско време, со значајна поддршка на нашиот мал семеен бизнис со слатки, што ни помогна да се зголеми ликвидноста на нашиот бизнис.“

Scroll Up