Оглас за вработување во Скопје
Согласно член 23 од Законот за работни Односи, Работодавачот Штедилница Можности огласува упразнето работно место за:
Службеник во служба за трезорско работење
Работни задачи:
- Следење на тековна ликвидност и управување со парични средства,
- Управување со монетарни инструменти,
- Проекции на паричен тек, показатели на ликвидност и други показатели,
- Подготовка на извештаи за ликвидносен ризик, согласно пропишани одлуки,
- Подготовка на извештаи за валутен ризик согласно пропишани одлуки,
- Подготовка на извештаи за каматен ризик, согласно пропишани одлуки,
- Подготовка на извештаи за адекватност на капитал,
- Извештајност кон кредитори, и
- Други работи и работни задачи од делокругот на службата.
Потребни знаења и вештини:
- Завршено високо образование,
- Способност за тимска работа но и самостојност,
- Добри комуникациски вештини и способност за решавање на проблеми преку ефикасна комуникација,
- Солидно познавање на англиски јазик,
- Работно искуство во дејноста е добредојдено но не е задолжително.
- Мотивираност за проучување, совладување и примена на нови методологии, техники и технологии.
Бенефиции:
- Најниската нето плата предвидена за оваа работна позиција е 33.000 денари.
- Континуирани обуки за професионален развој,
- Работа во интересна и динамична работна средина.
Штедилница Можности која има правичен третман при вработување на сите лица и нуди одлични услови за работа со можност за стручно усовршување, како и напредок и развој во кариерата во интересна и динамична работна средина.
Заинтересирани кандидати, доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, испратете CV на e-mail:rabota@moznosti.com.mk и contact@moznosti.com.mk, огласот е активен до 17.01.2025 г.
Вашите апликации за вработување ќе бидат третирани со строга доверливост и согласно Законот за заштита на лични податоци.
Со праќање на вашата апликација за вработување се согласувате компанијата да може да ги собира, обработува и чува вашите лични податоци за потребите на процесот на регрутација додека трае.