Дирекција
Градете ја својата кариера и развивајте се како професионалец со Штедилница Можности. Ако се идентификувате со визијата и мисијата на нашата компанија и ве интересира работење во финансиска институција, Штедилница Можности вработува:
Службеник во општа служба, дирекција на штедилницата во Скопје
Потребни знаења и вештини:
– Завршено средно образование,
– Способност за тимска работа но и самостојност,
– Добри комуникациски вештини и способност за решавање на проблеми преку ефикасна комуникација,
– Задолжително поседување на возачка дозвола Б категорија,
– Солидно познавање на англиски јазик
– Работно искуство во дејноста не е задолжително.
Работни задачи:
– Одржување и водење евиденции за возен парк,
– Прием, испраќање и евиденција на пошта,
– Достава и прием на документи до и од надворешни соработници,
– Контрола на исправност на инвентар во објектот на дирекцијата,
– Набавка и дистрибуција на канцелариски матерјали во дирекцијата и до други организациони делови на Штедилницата
Аплицирајте преку нашата web страна:
Апликацијата за вработување или пратете CV преку е-пошта: rabota@moznosti.com.mk.
Со праќање на вашата апликација, согласни сте да се користат вашите лични податоци во процесот на селекција.