Штедилница Можности дел од настанот „Денови на финансиска едукација”

29.05.2019

Под мотото „“Едуцирај се, забавувај се“,  Штедилница Можности зеде учество на централниот настан по повод “Денови на Финансиска писменост” што се одржа пред платото на Министерство за финансии на 28.05.2019 година.

На настанот со инфо-пултови учествуваа институциите од Телото за финансиска едукација, односно Министерството за финансии, Народната банка, Агенцијата за супервизија на осигурување, Комисијата за хартии од вредност и МАПАС. Учествуваа и банки, осигурителни друштва, штедилници и други финансиски компании кои ја поддржаа акцијата.

Можности се претстави со свој штанд каде на присутните се промовираа нашите услуги и производи, со посебен акцент на новата услуга за е-банкинг.

На настанот како гости беа повикани и основните и средните училишта, а нашите вработени ги запознаа со делокругот на работење на штедилницата каде учениците на кратко имаа можност да научат што претставува штедилницата како финансиска институција, што нуди на своите клиенти, што се штедни влогови и кредити и сл.

Целта на настанот е да се зајакне финансиската едукација, да се поттикне финансиската инклузија и да зголеми свесноста и заштитата на потрошувачите на финансиски услуги.

Со учество на настани од ваков тип, Штедилница Можности едуцира и советува преку својот компетентен персонал, а ги презентира и своите производи и услуги кои постојано ги унапредува, сè со цел задоволување на потребите на клиентите.