Роденден експозитура Кичево

3.03.2025

Одбележувањето на 25-годишнината од Штедилница Можности продолжува со прославата на годишнината на нашата експозитура во Кичево. Оваа посебна прилика ги обедини нашите клиенти, тимот на експозитурата и вработените од дирекцијата, каде сите заедно го споделуваме успехот на штедилницата за кој сите сме заслужни.

Овој ден не е само обична прослава, туку е потсетник на клучните моменти кои го одбележаа и развојот на нашата експозитура да биде почитувана и позната во Кичево и околниот регион. Благодарни сме за напорната работа, достигнувањата и довербата што ја добивме од нашите клиенти и соработници низ годините.

Како што гледаме кон иднината, инспирирани сме од силната тимска работа, мотивација и поддршка што продолжува да биде водич кон нашиот успех. Нашето најголемо достигнување е нашиот постојан раст и развој како посветен тим.

Ви благодариме што сте дел од нашата приказна – заедно, ќе продолжиме да се стремиме кон нови достигнувања и успеси!