Роденден експозитура Кавадарци
17.02.2025
Јубилејот од 25 години постоење на Штедилница Можности, продолжуваме да го одбележуваме со прославата на роденденот на нашата експозитура во Кавадарци!
Со нашите клиенти, тимот на експозитурата и вработените од дирекцијата, споделивме незаборавни моменти на радост и успех. Овој ден е повеќе од прослава, овој настан е потсетник на сите значајни моменти кои го изградија нашиот тим и ја направија експозитурата препознатлива и почитувана во Кавадарци и во поширокиот регион кој го опфаќа.
Благодарни сме за сите вложени напори, достигнувања и за огромната доверба која ја добиваме од нашите клиенти и соработници во изминатите години. Најголемиот успех за нас е што продолжуваме да растеме и напредуваме како посветен тим.
Овој ден не е само поглед на минатото, туку и на иднината. Со силна тимска работа, мотивираност и поддршка, сигурни сме дека следните предизвици ќе ги совладаме со уште поголем успех!
Ви благодариме што сте дел од нашата приказна и заедно продолжуваме да се движиме кон нови успеси!
#ШтедилницаМожности #РоденденКавадарци #25Години #ТимскаРабота#СеДвижимеЗедно





