Роденден експозитура Велес
23.09.2025
Со гордост ја одбележуваме годишнината на нашата експозитура во Велес славejќи 25 години финансиска поддршка и посветеност кон микрокредитирањете во Штедилница Можности и финансискиот развој на локалните бизниси.
Во текот на овие години, изградивме силна врска со заедницата и бевме сигурен партнер на многу локални претприемачи и семејства. Со повеќе од 4.000 одобрени кредити и вкупен износ од над 14.000.000 евра, нашиот посветен тим во Велес е продолжува да ги поддржува малите бизниси, земјоделието и локалната економија во регионот.
Во услови на економски предизвици, покажавме дека вистинската поддршка значи да се биде постојано присутен – со разбирање, со доверба и со конкретни решенија.
Заедно продолжуваме напред, со иста енергија, визија и посветеност.
#Можности #Велес #25ГодиниПоддршка#ШтедилницаМожности




