Роденден експозитура Аеродром

5.06.2025

25 години присуство на Штедилница Можности во Скопскиот регион – четврт век поддршка на микрокредитирањето и финансискиот развој на локалните бизниси. Експозитурата во Аеродром е првата експозитура,  темелот врз кој се изгради целата мрежа на експозитури на Штедилница, центар за обука и почетна точка за многу наши колеги кои денес се носители на развојот и успехот на институцијата. Нашиот тим континуирано игра значајна улога во јакнењето на малите и средни претпријатија, придонесувајќи за раст на локалната економија и создавање стабилно финансиско опкружување.

Со над 5.000 одобрени кредити во вредност од над 21 милиони евра, остануваме посветени на тоа да бидеме вистински партнер на граѓаните и малите бизниси во нивниот раст и успех.

Благодарност до сите клиенти, соработници и вработени – вашата поддршка е нашата мотивација. Горди сме на заедничката приказна и продолжуваме со иста решителност кон нови успеси.