Регионална конференција-“Регулирање на дигитализација на финансиските услуги – Да функционира за доброто на сите”

6.09.2019

06.09.2019

Штедилница Можности учествува на регионална конференција од земјите од Западен Балкан и Источна Европа што се одржува во период од 05-06 Септември во Скопје, под наслов “Регулирање на дигитализација на финансиските услуги – Да функционира за доброто на сите”, во организација на Сојузот на микрофинансиски организации, а како дел од Проектот за иновативност и вклученост во Микрофинансирањето во соработка и поддршка од УСАИД.

На конференцијата учесниците разговараат за процесот на дигитализација во микрофинансирањето и предизвиците со кои би се соочиле регулаторите, супервизорските институции, како и за досегашниот пристап што го имале во однос на оваа тема, резултатите и стекнатите искуства, преку отворени дискусии каде ќе се пренесуваат искуства се со цел подобрување на тековните решенија и градење на поволно законодавно опкружување за микрофинансирањето.

На конференцијата учествуваат најрелевантни претставници и професионалци од небанкарски финансиски институции од областа на микрофинансирање, регулаторните и супервизорските институции,  водечки експерти од поширокиот регион.

Штедилница Можности како дел од оваа конференција учествува и придонесува во процесот на дигитализација  со иновативни финансиски услуги во микрофинансирање.

Се движиме заедно,

Штедилница Можности