Најдобар службеник во Штедилница Можности по повод денот на штедење
3.11.2020
03.11.2020
Соопштение за јавностa
Најдобар службеник во Штедилница Можности по повод денот на штедење
Традиционално, по повод Светскиот ден на штедење, 31 октомври, Македонската банкарска асоцијација ги додели признанијата за најдобрите банкарски службеници во сите банки и штедилници во земјава.
Од Штедилница Можности, ова признание го доби Славе Стојанов од Секторот за правни и општи работи. Славе, даде значаен придонес во резултатите од целокупното работење на Штедилницата, преку професионалното и одговорното извршување на работните задачи, посебно во периодот на КОВИД-19 кризата, исполнувајќи ги истите самостојно, но и како учесник во работни групи и тимови.