Можности традиционално учествуваше на Скопски маратон 2021 година

4.10.2021

Штедилница Можности беше дел и од 17-то издание на Скопскиот маратон кој се оддржа во Скопје во неделата, на 3-ти октомври, на кој учествуваа голем број маратонци од целиот свет.


На маратонот земаа учество колегите од дирекција Скопје и експозитурата во Кичево, кои успешно ги завршија трките на 5 км и полумаратонот (21 км).


Колегата и маратонец Марко Ивановски, полумаратонот од 21 км успешно го истрча за 1:23:54 што претставува едно од своите подобри времиња, додека колегата Златко Маркоски од Кичево истрча досега најбрза трка на 5 км на ниво на штедилницата со време од 23:28.


Штедилница Можности уште еднаш ја манифестира општествената одговорност, која со својата визија и мисија успешно ги спојува грижата за своите вработени и поддршката на настани од спортски карактер.


Спортски поздрав до следна година на Скопски маратон!

Се движиме заедно
Штедилница Можности