Можности дел од настанот „Денови на финансиска писменост”
5.11.2018
Штедилница Можности е дел од јавниот настан „Денови на финансиска писменост” што ќе се одржи од 11 до 13.05.2018 во СКОПЈЕ СИТИ МОЛ во организација на Координативното тело на регулаторните институции за финансиска едукација во Македонија, Народна банка на Република Македонија, Министерството за финансии, Агенцијата за супервизија на осигурувањето, Комисијата за хартии од вредност и Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување.
Целта на овој настан е да се стави акцент на финансиската едукација кај луѓето, подигнување на факторот транспарентност и подигнување на нивото и општата свест за постигнување на поголема финансиска писменост.
Со учество на настани од ваков тип, Штедилница Можности како општествено одговорна институција едуцира и советува, а воедно и ги презентира своите производи и услуги коишто постојано ги унапредува, сè со цел задоволување на потребите на клиентите.
Се движиме заедно,
Штедилница Можности