Известување до клиенти поврзано со мерките и препораките за превенција и заштита од COVID-19 (Корона вирус)
11.03.2020
11.03.2020
Почитувани клиенти,
Во согласност со препораките и Одлуката на Владата на Република Северна Македонија поврзани со спречување на ширење на КОВИД19 или попознат како Kоронa вирус, Штедилница Можности воведува низа мерки за превенција и заштита на вработените и на клиентите на Штедилницата.
Во таа насока, Ве советуваме:
– ограничете ги Вашите посети во експозитурите и централата на Штедилницата. Доколку имате неодложна потреба, имајте во предвид дека на сите наши локации се обезбедени средства за дезинфекција кои може да ги користите при посетата.
– избегнувајте директен и близок контакт, ракување и долго седење во просториите на Штедилницата, или во било какви затворени простории, а посебно простории каде има значителна фрекфенција на луѓе.
– На располагање Ви стојат нашите вработени кои може да ги контактирате на телефонските броеви на експозитурите, или на мобилните телефони со кои располагаат, објавени на веб страницата на Штедилницата.
– користeте го електронското банкарство на Штедилницата за било какви информации во врска со Вашите кредити или депозити. Користете ги веб страната www.moznosti.com.mk и официјалната Facebook страна на Штедилницата за било какви информации во врска со локација, работно време, контакт телефони и слично.
Штедилница Можности се грижи за Вас и за Вашата безбедност и Ви стои на располагање за сите Ваши потреби.
Ви благодариме на разбирањето.
Со почит,
Штедилница Можности