Е-банкинг услуга
10.12.2018
Почитувани клиенти,
Штедилница Можности Ве известува дека од 14.12.2018 година започна да ја нуди новата услуга за е-банкинг.
Услугата е наменета за сите клиенти кои користат кој било од продуктите на штедилницата, со што Можности се доближува до своите клиенти, следејќи ги новите трендови и модерната технологија.
Со оваа нова функционалност, во секое време можете да:
– ја проверите состојбата на кредитот или депозитот;
– пратите прашање, сугестија или поплака;
– имате увид во листата на уплати и исплати;
– имате увид во Вашиот амортизационен план;
– добиете информација за статусот на кредитот;
– ја проверите важечката курсна листа во штедилницата;
– и други информации.
Услугата за пристап до е-банкинг на Штедилница Можности е БЕСПЛАТНА за сите корисници и е на располагање 24/7.
За дополнителни информации обратете се во експозитурите на штедилницата или контактирајте нè на 02 2401-054 или e-banking@moznosti.com.mk.
Со почит,
Штедилница Можности