Ден на штедење
31.10.2025
Денес се одбележува Денот на Штедење – 31 Октомври, и по овој повод штедилница Можности организира низа активности низ своите експозитури.
Главната цел е дружење со најмладите и нивна едукација за важноста на штедењето и одговорното управување со финансии.
Нашата експозитура во Струмица денес беше домаќин на дечињата од III одделение од ООУ “Сандо Масев” – Струмица.
Децата со голем интерес учествуваа во едукативни и забавни активности, низ кои на креативен и разбирлив начин се запознаа со тоа што претставува штедењето, како се планираат трошоци и зошто е важно да се има одговорен однос кон парите.
Во исто време, експозитурата во Гостивар ги посети учениците од IV одделение од ООУ “Гоце Делчев” – Гостивар.
Нашите колеги им овозможија на дечињата да ја запознаат работата на штедилницата, да дознаат повеќе за различните финансиски услуги и да научат преку игра како секој може да биде мал штедач.
Дополнително, експозитурата од Битола беше домаќин на најмладите од Едукативниот центар за стимулација и едукација на деца“Абракадабра”, каде што преку приказни, игри и разговори се зборуваше за првите чекори во запознавање со парите и вредноста на штедењето.
Нашите колеги од Битола исто така ги посетија и учениците од ООУ “Коле Канински”, каде што организираа кратка работилница со интересни примери и активности за финансиска писменост.
На крајот од секоја посета, сите дечиња добија симболични подароци во знак на благодарност и сеќавање на нивното дружење со штедилница Можности.
Благодариме на сите деца, воспитувачи и наставници за нивниот ентузијазам, насмевки и поддршка!
Се надеваме дека овие активности ќе остават траен впечаток и ќе ги поттикнат дечињата уште од најрана возраст да размислуваат за својата финансиска иднина.
#ДенНаШтедење #Можности #Образование #ФинансискаПисменост
ООУ “Сандо Масев” – Струмица





ООУ “Гоце Делчев” – Гостивар







ООУ “Коле Канински” – Битола





Се движиме заедно,
Штедилница Можности