Штедилница Можности се вклучи во кампањата „Научете мудро да позајмувате“
4.10.2024
Почитувани клиенти,
Штедилница Можности годинава одбележува јубилеј – 25 години од основањето, а со тоа и 25 години од спроведувањето на својата мисија, да обезбеди можности луѓето да добијат поддршка за своите добри деловни идеи и со резултатите од своите мали бизниси да си помогнат себеси, на своите семејства и на заедницата.
Овој 25-годишен јубилеј штедилницата го посветува на покренување на свесноста за одговорното кредитирање и против презадолженоста на населението. Во сиот период, а и отсега, штедилницата останува посветена на финансиската едукација и на финансиската инклузија во општеството. Во таа насока, „Можности“ се вклучи во 10-тото издание на кампањата „Научете мудро да позајмувате” која е организирана од Центарот за микрофинансирање (MFC) и неговите партнери.
Во нашите 25 години во финансиската индустрија, научивме дека одговорното кредитирање значи градење однос помеѓу финансиската институција и клиентот врз основа на одговорност и доверба.
Кампањата покрива важни теми од моментот кога треба да се одлучите да земете кредит, па сѐ до управувањето со него.
Со вклучувањето во кампањата за мудро позајмување, Штедилница Можности се обврзува да промовира одговорно позајмување и да ви помогне да ја реализирате вашата финансиска визија. Стремете се кон финансиска слобода и направете мудра одлука!
За повеќе информации, прочитајте го нашиот блог или контактирајте го нашиот тим.