Штедилница Можности на јубилејното издание на Скопски маратон

7.10.2024

Во неделата, на 6-ти октомври, штедилница Можности беше дел од 20-то јубилејно издание на големата спортска манифестација Скопски маратон 2024 година, на која учествуваа рекорден број од над 13.000 маратонци од целиот свет.

Традиционално и оваа година Можности ги подржа колегите кои покажаа интерес да земат учество на овој настан.

Ги поздравуваме нашите колеги Раде Филиповски и Бранко Николовски од дирекција Скопје, кои успешно го завршија полумаратонот и истрчаа 21 км!

Спортски поздрав до сите учесници и до следната година на Скопскиот маратон!

Се движиме заедно!
Штедилница Можности

#СкопскиМаратон #ОпштественаОдговорност #СпортскаПоддршка #ШтедилницаМожности