Штедилница Можности дел од Скопски маратон 2025
7.10.2025
Во неделата, на 5-ти октомври, Штедилница Можности беше дел од Скопски маратон 2025 – најголемата спортска манифестација во земјата, која оваа година собра рекорден број од над 14.000 учесници од целиот свет.
И оваа година, традиционално, ја дадовме нашата поддршка на колегите кои со многу енергија, мотивација и тимски дух беа дел од ова спортско доживување.
Горди сме на сите вас, на тоа што како тим ја негуваме културата на спорт, здрави навики и заедништво.
До следната година и нови спортски предизвици – се движиме заедно!
Штедилница Можности
#СкопскиМаратон2024 #ШтедилницаМожности #СпортскаПоддршка #ЗдравЖивот #ОпштественаОдговорност
Подоле дел од атмосферата.








Спортски поздрав!
Се движиме заедно,
Штедилница Можности