Штедилница Можности дел од настан од светски ранг -“ Глобалната недела на парите”

21.03.2022

Под мотото „Учи! Штеди! Заработи!“, Штедилница Можности се приклучи на настанот од светски ранг  „Глобалната недела на парите” кој започнаува денес, 21 март, а ќе заврши на 27 март 2022 година.


Овој настан се одржува по 10-ти пат на светско ниво и има за цел  финансиска едукација на младите како и  потенцирање на  важноста од подигнување на свеста кај младите за тоа како функционираат парите, вклучувајќи го штедењето, вработувањето и претприемништвото.

Со учество на настани од ваков тип, Штедилница Можности активно се вклучува во едуцирањето и советувањето на младите преку едукативни објави на социјалните медиуми,  презентирајќи ги  и своите производи и услуги кои постојано ги унапредува, сè со цел задоволување на потребите на клиентите.

Следете нé со интересни едукативни содржини  на нашите социјални мрежи од 21 до 27 март 2022 година!

Се движиме заедно,

Штедилница Можности