Штедилница „Можности“ дел од кампањата за поддршка на борбата против насилство врз жените
1.12.2015
Соопштение за јавноста
Штедилница „Можности“, заедно со своите вработени, се приклучи во одбележувањето на 16-дневната кампања по повод „Меѓународниот ден за борба против насилството врз жените“, како дел од глобалниот активизам што ќе трае до 10-ти декември.
Кампањата се одвива под мотото „Обој го светот во портокалово, ставете точка на насилството врз жените и девојките“.
Штедилница „Можности“
Се движиме заедно