Учиме за парите заедно со штедилница Можности
30.10.2023
Во месецот на штедењето Штедилница Можности продолжи со финансиска едукација на најмладите.
Се дружевме со учениците од основното училиште ООУ “Светозар Марковиќ” од с.Старо Нагоричане во Куманово и ООУ “Гоце Делчев” од с.Босилово во Струмица.
Суштината и важноста на стекнување на навики за штедење во секојдневниот живот ја споделивме преку интерактивен разговор со дечињата кои се запознаа и со основните финансиски поими и начин на работа на една финансиска институција.
Штедилница Можности продолжува со активностите на финансиска инклузија на младите преку вакви работилници, со што придонесува да се стекнуваат знаење и вештини за градење одговорно финансиско однесување во текот на секоја фаза од животот.
Се движиме заедно!
Подоле фотографии од дружбата!
ООУ “Светозар Марковиќ” од с.Старо Нагоричане во Куманово
ООУ “Гоце Делчев” од с.Босилово во Струмица