Учиме за парите заедно со штедилница Можности
15.05.2023
Во склоп на активностите за финансиска едукација на младата популација, Штедилница Можности во мај ги посети училиштата „Пере Тошев” во Росоман и „Ибрахим Темо” во Тетово, каде што заедно со децата од VII и IX одделение одржа едукативна работилница на тема „Финансиска едукација на млада популација во делот на најкористени финансиски поими (пари, кредити, камата, трошок, приход), како и едукација во областа на штедење и улогата на штедењето како вредност кај младата популација.
Голема благодарност на домаќините за гостопримството и соработката.
ООУ „Пере Тошев” во Росоман
ООУ „Ибрахим Темо” во Тетово