Учиме за парите заедно со штедилница Можности
2.05.2023
Штедилница Можности ги продолжи активностите на финансиска едукација во основните училишта. Во месец април во просториите на училиштето ООУ “Наим Фрашери” во Гостивар заедно со децата од IV и V одделение се одржа едукативна работилница на тема Финансиска едукација на млада популација во делот на најкористени финансиски поими (пари, кредити, камата, трошок, приход, како и едукација во областа на штедење и улогата на штедењето како вредност кај младата популација.
Низ интерактивни, едукативни примери децата се запознаа со основните финансиски поими (пари, кредит, камата, трошоци, приход, профит), што е штедење, зошто и како да се штеди, како и со суштината и важноста да се стекнуваат навики за штедење во секојдневниот живот уште од мали нозе.
Штедилница Можности и во следниот период ќе продолжи со активно вклучување во едуцирањето и советувањето на младите преку вакви едукативни работилници се со цел потикнување и допринос во процесот на финансиската едукација и подигнување на нивото на финансиска писменост, со што се стекнуваат знаења и вештини за одговорно финансиско однесување во текот на секоја фаза од животот.
Се движиме заедно,
Штедилница Можности