Учиме за парите заедно со штедилница Можности

15.12.2022

Штедилница Можности на ден 12.12.2022 година одржа едукативна работилница на тема: “Финансиска  едукација на млада популација во делот на најкористени финансиски поими (пари, кредити, камата, трошок, приход, како  и едукација во областа на штедење и улогата на штедењето како вредност кај младата популација”, во просториите на училиштето ООУ “Ацо Шопов  во Радишани заедно со децата од VII-В ооделение.

Во пријатна атмосфера, низ интерактивни, едукативни примери и  забавна игра децата се запознаа со основните  финансиски поими (пари, кредит, камата, трошоци, приход, профит), што е штедење, зошто  и како да се штеди, како и со суштината и  важноста да се стекнуваат навики за штедење во секојдневниот живот уште од мали нозе.

Штедилница Можности продолжува со активно вклучување во едуцирањето и советувањето на младите преку вакви едукативни работилници се со цел потикнување и допринос во процесот на финансиска едукација која е битна за стекнување на знаењеи вештини за градење одговорно финансиско однесување во текот на секоја фаза од животот. 

Се движиме заедно,
Штедилница Можности