Успешна завршена финансиска едукација

1.11.2023

На денот на штедењето, 31 Октомври 2023 година, Штедилница Можности успешно ги заокружи активностите на финансиката едукација со посета на основното училиште ООУ “Страшо Пинџур” с.Соколарци, Чешиново Облешево од Кочани.

Во пријатна атмосфера ги пренесовме нашите совети за суштината и важноста на стекнување на навики за штедење во секојдневниот живот. Преку интерактивен разговор со дечињата тие се запознаа и со основните финансиски поими и начин на работа на една финансиска институција.

Штедилница Можности продолжува со активностите на финансиска инклузија на младите преку вакви работилници, со што придонесува да се стекнуваат знаење и вештини за градење одговорно финансиско однесување во текот на секоја фаза од животот.

Се движиме заедно!

Подоле фотографии од дружбата!