Роденден Експозитура Скопје – Лептокарија

9.10.2025

Веќе четврт век сме присутни во Скопскиот регион, активно придонесувајќи кон финансиска инклузија и стабилен раст на локалните бизниси. Како сигурен партнер на микро и мали претпријатија, ја градиме иднината на нашата заедница – чекор по чекор, заедно со вас.

Со над 4.000 одобрени кредити во вкупна вредност од повеќе од 25 милиони евра, експозитурата Лептокарија во Скопје останува синоним за сигурност, достапност и разбирање на вистинските потреби на нашите клиенти.

Голема благодарност до сите што ни ја укажавте довербата – клиенти, соработници и нашиот посветен тим. Вашата поддршка е темелот на нашиот успех.

Продолжуваме заедно – со јасна визија, одлучност и посветеност кон уште поголеми достигнувања.

Седвижиме заедно,

Штедилница Можности