Роденден експозитура Гостивар

7.05.2025

Со одбележување на годишнината на експозитурата во Гостивар, славиме 25 години успешна финансиска поддршка и посветеност на микрокредитирањето во Штедилница Можности . Во текот на овие 25 години, нашиот тим имаше клучна улога во поддршката на малите и средни претпријатија, што директно придонесе за растот на локалната економија и создавањето на здраво и одржливо финансиско опкружување. Со повеќе од 3.500 одобрени кредити и вкупен износ од над 11.500.000 евра, успешно ја проширивме нашата финансиска мрежа и ги засиливме нашите партнерства со локалните бизниси. Нашата посветеност на овој сектор продолжува и  остануваме фокусирани на обезбедување поддршка која е неопходна за понатамошен развој на заедницата.Во време на глобални економски предизвици, нашата мисија останува непроменета – да обезбедиме достапни и сигурни финансиски решенија за сите.

Оваа значајна годишнина ја славиме заедно со нашите клиенти, кои се нашата инспирација и двигател на секој успех.