Признание за најдобар шалтерски работник во штедилницата

1.11.2017

Светскиот ден на штедењето и годинава беше одбележан со свечена седница од страна на Здружението на банкарство при Стопанска комора на Македонија во присуство на претставници од НБРМ, од Министерството за финансии и од банките и штедилниците.

На свечена церемонија на 31.10.2017 година, традиционално им беа доделени награди и признанија на најдобрите шалтерски работници од сите банки и штедилници во земјава, кои во текот на 2017 година покажале особени резултати во работењето со населението.

Од Штедилница Можности, најдобар шалтерски работник со пофалби за неговата работа беше избран Славчо Арсов од експозитурата во Велес.

Се движиме заедно,
Штедилница Можности